Во почетокот на 1990 година, Милош Наумоски е вработен во бирото на германската фирма Imperial THUY GmbH од Mayen. Работната обврска е координација на нивното производството во македонските фирми.
Самата фирма Империал НТТ е основана во 1995 год. во приватна сопственост на г-дин Милош Мише Наумоски. Основната дејност на нашата компанија е производство на лесна конфекција: машки кошули, кошули по мерка со капацитет 80,000 парчиња; женски блузи, туники, фустани, здолништа, и др. со годишен капацитет 260,000 парчиња. Во тешката конфекција - ловечка облека 60,000 парчиња, јакни, елеци, бермуди, панталони, сакоа и др. Поседуваме сопствен новоизграден деловен објект со 3000 м/2 во чии простории е сместено целокупното работење со 330 вработени во 7 производствени линии, кои поседуваат висок профил на стручност и искуство во работењето. Нашите одлики се висок степен на професионализам, подготвеност да се одговори на желбите и потребите на клиентите, постојано воведување на иновации во работењето, точноста во испораките и изработката на високо квалитетни производи. Империал НTT успешно работи во континуитет, од основањето па се до ден денес.
Ве молиме префрлете се на https://imperialntt.com/ за нашата нова веб страница. |